Реклама
Кафе муабет

“Сум пеел на многу свадби и со нетрпение ја чекам мојата”: Дарко Лазиќ откри кога ќе го каже судбоносното “ДА”, се е спремно за голема прослава!

Во август ќе прави свадба...

Реклама

Пејачот Дарко Лазиќ конечно прозборе за свадбата со неговата девојка Катарина и ги откри деталите за свадбената веселба која ќе се одржи во август годинава.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Фолк пејачот зборуваше на различни теми поврзани со неговиот професионален и приватен живот, а пред се се осврна на приказните дека гласот му е, како што велат, истрошен.

– Да, го слушнав тоа. Чекајте луѓе, јас пеам 17 години. Јас не сум новооткриена ѕвезда. Има многу работа, патувањата се заморни. Гласот е потрошен материјал, не е гитара или тапан. Се добива еднаш. Никој не прашува како сме. Понекогаш спијам во кола, а никој не прашува и не знае за тоа – рекол Дарко.

Маркетинг
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Меѓу другото, Лазиќ во интервју за „Ексклузивно“ откри дека во август годинава планира свадбена прослава со Катарина со која неодамна склучи граѓански брак.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Во август ќе има свадба и едвај ја чекам мојата радост. Имам испеано на толку многу свадби што едвај ја чекам мојата. Ќе трае два дена, а јас ќе ја испеам песната за нашиот прв танц. Тоа е песна на Петар Грашо – Јел ти река’ ко – заклучи Лазиќ.

Маркетинг
фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Инаку Дарко е татко на две деца. Тој од бракот со пејачката и водителка Ана Севиќ ја има ќерката Лорена а со Марина го доби синот Алексеј.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

Пред неколку дена откри и дека е строг татко и дека многу внимателно ги воспитува децата.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

– Јас сум многу строг татко, можеби и престрог затоа што тргнувам од себе. Моите родители не беа доволно строги со мене, па правев глупости и извесен период тргнав во погрешна насока, но повторно се вратив. Не ми се допаѓа ако детето е непослушно, сто пати да му кажеме. Ништо не zabranuvam, играчки, телефон, бонбони, ништо од тоа. Ги учам моите деца од мали нозе дека ако кажам еднаш, тоа е тоа, нема плачење. Детето секогаш треба да има стравопочит, рече Дарко.

фото инстаграм/Дарко Лазиќ

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button