Сузана Спасовска откри од кого го доби овој преубав букет – пејачката воодушевена од високиот функционер во владата на Македонија
Македонската фолк-дива покажа каков подарок добила од висок функционер во државава и ги воодушеви сите. Ова ретко се случува.
Сузана Спасовска или како што многумина ја нарекуваат македонската Лејди Гага секогаш пленела со својот изглед, а токму нејзиниот ексцентричен стил ѝ донесе и огромна популарност.
Освен што има фантастичен глас, таа отсекогаш била пред времето и уште на почетокот на својата кариера беше поразлична од другите и се појавуваше во уникатни сценски костими, какви македонската публика дотогаш немала видено.
Пеела речиси низ целиот свет: САД, Канада, Европа, Австралија, а имала и настапи на врвни светски сцени, како: Ватрослав Лисински – Загреб, Цанкарјев дом – Љубљана, Брукс центар – Мелбурн, Опера хаус – Сиднеј и др.
Најголема мотивација и најголема љубов на Сузе е нејзината ќерка Теона.
Сузе никогаш не била во брак, а ќерката ја има добиено во вонбрачна заедница.
Теона ја добила со партнер кој заминал кога нивната ќерка имала само 1 година и никогаш повеќе не го виделе.
Денес Теона прерасна во жена и мајка, која со својата убавина го одзема здивот.
Теона е во брак со Виктор Велковски кој ја запроси во јануари 2019 година.
Тие имаа убава и весела свадба, а покрај невестата во центарот на вниманието беше и нејзината мајка која цело време играше и пееше.
Сепак, Теона не тргна по стапките на својата мајка и воопшто не сака да се експонира во јавност. Популарноста на својата мајка никогаш не ја користела за да достигне некаква цел.
Токму затоа таа ги изненади сите кога одлучи да се појави во спотот на својата мајка, снимен за песната „Дали знаеш ти“.
Таа својата мајка ја направи најсреќна жена на свет кога ја донесе и нејзината ќерка, па Сузе стана баба.
Среќната баба на својот Фејсбук профил ја објави нејзината песна „Среќо мајкина“ па со песна ја сподели радосната вест и напиша:
„Дар Божји за родителите и радост голема! На 30 септември, на ден празничен се роди мојата внука Клара. Да е жива, здрава, благословена, среќна, насмеана и распеана. Ти благодарам Боже!“, напиша пејачката на социјалните мрежи.
Минатиот месец таа одржа концерт во чест на легендата Александар Сариевски, на кој присуствувала и министерката за внатрешни работи, Славјанка Петревска.
Славјанка воодушевена од гласот на Сузе, одлучила рачно да ѝ напише порака и да ѝ подари букет цвеќе. Гестот ги воодушеви сите, а најмногу самата Сузе, која се пофали јавно на својот Фејсбук профил.
„Утрово, дојдов на работа, и се воодушевив од еден несекојдневен гест во ова денешно време. Цвеќе со посвета, рачно напишана од функционер (лично не се познаваме), кој присуствувал на концертот во чест на нашата легенда Александар Сариевски, не само да ја исполни обврската, туку и внимателно да го проследи и ужива во македонските песни. Ви благодарам, почитувана г-ѓа Петровска. И во овие тешки времиња на меѓусебни поделби и раздори најважно е да си човек”, напиша Сузе, а еве што пишува во пораката која Петровска ѝ ја посвети на пејачката:
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска
ФОТО: Фејсбук / Сузана Спасовска