Стрелец – жена која не размислува два пати пред да го кажат она што го мисли

Таа е вистински бисер, неконвенционална жена која се смета себеси за еднаква со мажите, но под нејзиниот силен и огнен темперамент, се крие романтична душа, која е подготвена цел живот да го чека оној кој ќе ги цени нејзините квалитети.

Овие жени се многу директни, брутално искрени и не размислуваат два пати пред да го кажат она што го мислат. Тие може и да не чекаат потег од ваша страна, туку самоиницијативно да ве поканат на состанок.

Бидете оној кој е во центарот на вниманието, но не го правете тоа наметливо, туку суптилно и со стил. Кога ќе констатирате дека ве забележала и сè уште е зафатена разговарајќи со пријателите, тогаш почекајте до оној момент кога ќе мислите дека можете да ја прекинете или да ја начекате на само. Подајте ѝ парче хартија со вашето име и број, насмевнете ѝ се и заминете си.

ADVERTISEMENT

Ако имате отворен ум и широко срце, таа секогаш ќе се навраќа кон вас. Ако еднаш успеете да допрете до нејзината душа, та ќе ви ја покаже нејзината сензуална и страсна страна. Кога ќе стигнете дотаму, е тогаш започнува вистинската забава со Стрелецот.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed