Реклама
Наши ѕвезди

Стојне Николова објави фотографија од почетокот на кариерата, нема да ја препознаете – еве како изгледала кога имала само 15 години!

Реклама

Македонската пејачка сподели фотографија од младоста. Дали ќе ја препознаете?

Македонската Џебна Венера како што многумина ја нарекуваат Стојне Николова е сѐ поактивна на социјалните мрежи, каде често знае да ги изненади своите фанови со интересни фотографии.

Маркетинг

Таа во моментов е меѓу најактуелните пејчки во земјава, која освен со извонреден глас, плени и со својот стас.

Освен во нашата земја, Стојне е доста барана и во дијаспората.

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Својата кариера ја започнала уште на рана возраст, а денес ги собира плодовите од напорната работа и вложениот труд.

Маркетинг

Настапува од својата 15 годишна возраст, а веќе следната година, односно на 16 години ја снимила и првата своја авторска песна.

На нејзините настспи е секогаш весело, таа знае како да нсправи атмосфера.

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Инаку таа ретко зборува за приватниот живот.

Се разбира дека така убава и згодна девојка ќе биде поврзувана со различни мажи, но таа сѐ уште јавно нема обелоденето врска со некој.

Таа во едно интервју истакна дека верува во вистинската љубов, но се уште не го сретнала вистинскиот маж во својот живот.

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Она на што многумина може да ѝ позавидат е нејзината заработка. Како релативно млад човек, таа може да се пофали со богата кариера, па на 22 годишна возраст успеала да собере доволно пари за да си купи стан во Скопје.

„Среќна сум што веќе нема да патувам или, пак, да бидам под кирија. Шест години пеам, и за тоа време успеав да заштедам пари за половината, а за останатото подигнав кредит. Ангажирав фирма од Струмица која ми го средува комплетно станот, по мој вкус.

Среќна сум што имам само 22 години и што без ничија помош успеав да си купам дом. Задоволна сум што на мои години успеав да се осамостојам, да не зависам од никого, а најмалку од семејството. Да беше татко ми жив, можеби поинаку ќе одеа работите,е и за мене и за моите двајца браќа, но ние не сме во состојба да чекаме помош од некого туку мораме сами да се погрижиме за сè. Среќна сум што постојано имам настапи, што заради купувањето на станот не се откажав од ништо“ – изјави таа.

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Деновиве на својот Инстаграм профил сподели фотографија од почетокот на својата кариера, кога имала само 15 години.

Мора да се признае дека пејачката доста се има променето, и од слатко девојче порасна во прекрасна дама.

„Девојчево ми е од некаде познато. Јас на 15 години. БУЦКААА”, стои во опис на фотографијата.

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

Фото: Инстаграм / Стојне Николова

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button