Стојне во НАЈКУСОТО ФУСТАНЧЕ што сме ја виделе – нашата фолкерка направи лом, гостите презадоволни
Пејачката во последно време привлекува сé повеќе внимание и со своите провокативни модни изданија
Повторно направи одлична забава
Младата пејачка Стојне Николова во последно време предизвикува внимание и со своите настапи низ рестораните во Македонија.
Така беше и овој пат кога пред гостите се појави во ултра кусо фустанче и со својот настап никого не остави рамнодушен.
Имено, таа за празниците гостуваше во ден ресторан во Радовиш, а од видеото што го објави можеме да видиме каква беше атмосферата.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Стојне со својата појава предизвика воздишки кај посилниот пол, но и кај дамите кои пееја заедно со неа во еден глас.
Настапот беше спектакуларен така што уште долго време ќе им остане во сеќавање на гостите, а покрај добрата енергија пејачката привлече внимание и со интересното издание што го носеше.
Фото: Инстаграм/ Стојне Николова
Тесниот кус фустан со змиски дезен што Стојне го избра за оваа пригода го истакна нејзиното згодно тело, а ваквиот нејзин стајлинг само допринесе атмосферата да биде уште пожешка.
Како Стојне изгледаше во ова свое велигденско издание, погледнете од видеото и фотографиите во продолжение…