Вести

Сте ја заборавиле возачката дома – еве колкава казна треба да платите!

Advertisement

Нетрпеливи возачи, нервозни пешаци, непрописно паркирани возила по тротоари… се само дел од секојдневната слика во сообраќајот.

Не мора да сте возач за да заклучите како се вози, особено во големите градови и во пиковите кога се прават големи метежи – наутро кога се оди на работа и околу 16 часот кога вработените се прибираат дома. Сообраќајната култура не ни е на завидно ниво, а многу од сообраќајните правила или се заборавени или едноставно не се почитуваат.

Advertisement

За да се освестиме дека како учесници во сообраќајот не одговараме само за нашиот живот, туку и за многу други, не е лошо одвреме-навреме да се потсетуваме на казнената политика.

Полицијата казнува и доколку се вози без ремен или ако се зборува на мобилен, а тоа несовесните возачи може да ги чини 50 евра.

Фото МВР

Доколку казните се платат со принципот на порамнување, т.е. во рок од 8 дена, се намалуваат на половина.

Многу често полицијата врши и има право да прави контрола на сообраќајот и на учесниците во него.

Тоа значи дека може да се вршат контроли и притоа да ги побара на увид документите на возачот, односно неговата возачка дозвола и сообраќајна дозвола.

Но, што доколку сте ги заборавиле документите дома. Тогаш полицијата ако ви ги побара а вие ги немате со себе, може да се случи да добиете казна.

Се зависи од полицаецот, можете да минете и со опомена, но и со казна.

Фото фб МВР

Според Член 317 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, kога управува со моторно возило, возачот е должен кај себе да има важечка возачка дозвола и возачка книшка и истите е должен да ги покаже на барање на полициски службеник.

Законот предвидува мандатен платен налог со глоба во износ од 100 евра во денарска противвредност во мандатна постапка и ќе му се издаде, односно ќе му се регистрираат 40 негативни бода согласно со одредбите од овој закон, на возачот кој постапува спротивно на одредбата од ставот 1 на овој член.

Вие можете тогаш да изберете, или да платите половина од глобата, значи 50 евра во рок од 8 дена.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Реклама

Поврзано

Back to top button