Стефан Лазаров се пофали со мускулестото тело, но погледнете ја сопругата – му го украде шоуто
Еве и кој им прави друштво на одморот
Познатиот јутубер ужива со саканата
Познатиот јутубер Стефан Лазаров по бројните срушени рекорди што ги направи во изминатиов период кога е гледаноста на македонските подкаст емисии на Јутјуб во прашање (види тука за емисијата со Боки 13), реши да ги спакува куферите и заедно со својата понежна и поубава половина замина на одмор од соништата.
Тие сега уживаат на одмор во Египет, а со нив се и пејачката Сара Мејс со сопругот Димитар Атанасовски и нивните дечиња.
И Стефан секако дека не би бил Стефан доколку и од таму не објавува снимки, а како што и самиот кажа во една од неговите објави, следната година најверојатно ќе си ја земе и опремата, па би „склопил“ неколку интересни емисии и на едно вакво место.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
Како и да е, Стефан и неговата сопруга уживаат за сите пари на ова место, што може да се забележи и од неговите објави.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
Тој се снимаше и во костим за капење, но и покрај тоа што покажа дека е во топ форма и има завидни мускули, сепак вниманието го украде неговата понежна половина Марта со костимот за капење во металик нијанса во кој си блескаше.
Инстаграм/ Марта
Потсетуваме, Марта и Стефан непосредно пред да заминат на ова патување ја прославија нивната прва годишнина од бракот.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
Тие тогаш и двајцата се потсетија на овој незаборавен момент па споделија фотки од венчавката и свадбената церемонија.
Инстаграм/ Стефан Лазаров
Тие се венчаа на 8 јуни 2023, а како оваа убавица што му го украде срцето на нашиот најпознат јутубер изгледаше и како невеста, потсетете се од фотографиите во продолжение…