Стана баба по втор пат, а изгледа како милион долари – Цеца со НАЈДЛАБОКИОТ ШЛИЦ што сме ја виделе во животот
Ова издание на Цеца никого не остави рамнодушен…
Познатата фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ повторно покажа зошто е една од најстилизираните дами во регионот.
Познатата пејачка имаше настап во еден клуб во Шпанија, а со своето издание повторно ги изненади своите фанови.
Таа најпрво на својот профил на социјалните мрежи објави неколку снимки од нејзината прошетка низ Барселона облечена во кежуал парчиња.
Но по оваа снимка, следуваа и неколку од настапот на кој таа се појави во долга тоалета која и стоеше феноменално.
Во прашање е долг и тесен фустан во горниот дел, со длабок страничен шлиц со кој Цеца го истакна своето убаво тело.
Познатата пејачка целото издание го зачини со својата коса врзана во високи коњско опавче и стејтмент сандали, а како изгледаше и зошто сите беа воодушевени погледнете во продолжение.
Комбинацијата што Цеца ја нсеше ги воодушеви сите, а комолименти на сметка на нејзиниот изглед се упте пристигаат.
Потсетуваме, Цеца Ражнатовиќ пред само неколку дена по втор пат стана баба, кога нејзината снаа роди здраво машко дете.
Гордите родители Вељко и Богдана на синот му го избраа името Крстан, а бебето е родено на истиот датум како и починатиот сопруг на Цеца, Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм