Реклама
Наши ѕвезди

Српската пејачка ја раскажа својата борба со короната, 20 дена не може да се излекува: Болките се неподносливи, најмногу се плашам за детето!

Реклама

Пејачката Јелена Костов пред повеќе од две недели откри дека е заразена од коронавирус, а сега опиша и како изгледале првите симптоми кои ѝ се појавиле.

– Ме разбуди сува кашлица, беше два часот наутро, не можев да заспијам. Прво мислев дека е наставка, но утредената не можев да станам од кревет. Имав ужасни болки по целото тело, неподнослива главоболка. Не можев да се завртам, лежев само на грб. Температура имав само првиот ден. Имав и болки во стомакот, раскажа Јелена Костов во емисија на српската телевизија, и додаде:

Маркетинг

– Не ме хоспитализираа зошто белите дробови ми се добро, нема ништо на нив, фала на Бога. Имав ужасен страв како и сите, зошто сум свесна дека вирусот е подмолен.

Маркетинг

Сопругот на Јелена Миљан и синот Милија се добри и засега немаат симптоми на коронавирус.

– Најмногу стравувам за детето. Тој е добар, тоа е најважно, согругот е со него. Едноставно е невозможно да не го гледам детето зошто јас немам каде да го оставам, родителите ми се постари и не е препорачливо да биде со нив, рече таа во споменатата емисија и напомена дека од самиот почеток на пандемијата стого водела сметка за пропишаните мерки.

– Мене ми се смееја зошто многу ја почитував изолацијата. Два месеци не мрднав од станот, сопругот ми носеше се што треба. Толку многу внимавав. Откако почна сето ова, имав само еден настап, зошто не сакав никого да доведам во незгодна состојба и да се изложуваме на ризик. Единствено што напавив е што отидов кај родителите на месец дена. Толку им бев лута на некои луѓе што шетаа, а знаеја дека имаат симптоми, рече пејачката која веќе 20 дена се бори со вирусот.

Јелена пред два дена ги доби резултатите од повторниот тест кои покажале дека и натаму е заразена. Пејачката по телефон се слушнала со колегите, кои, како и таа се заразени од коронавирус, па разменуваат искуства.

– Се слушнав со некои колеги кои се заразени, главно сите имаат благи симптоми, освен Љуба Перучиќ. Додека луѓето не почувствуваат на своја кожа колку е тоа опасно, мислам дека не ја сфаќаат сериозноста на ситуацијата, смета таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button