Среќни вести во кралското семејство: Никој не ги забележа сигналите кои ги испрати пресреќната мајка
Бакингамската палата вчера ги потврди среќните вести – во кралското семејство пристигнува бебе. Имено, 30-годишната принцеза Ежени, внука на кралицата Елизабета и братучетка на принцовите Хари и Вилијам, со три години постариот сопруг Џек Бруксбенк, го чека првото дете.
Иако веста на социјалните мрежи вчера ја потврди и самата Ежени, се чини дека и пред тоа суптилно даваше до знаење дека ќе стане мајка, но тоа никој не го забележа.
https://www.instagram.com/p/B_YBR4RFOK1/
Имено, принцезата неодамна е „фатена“ на прошетка низ Лондон. За таа прилика избра лелеав цветен фустан кој го скриваше нејзиното трудничко меше. Меѓутоа, она на што тогаш никој не се надеваше и не обрнуваше внимание беа нејзините нараквици. Имено, токму преку нив принцезата на светот му испрати скриена порака.
https://www.instagram.com/p/CFVaGRIH2H9/
Носеше две розови слични нараквици, а медиумите пишуваат дека тие имаат посебно значење за мајка која чека бебе.
„Станува збор за две розови нараквици, за кои се верува дека во текот на бременоста ја штитат и мајката и бебето. Можеби нараквиците ги одбрала за и помогнат во текот на бременоста, а можеби се работи за подарок од некоја блиска личност“, вели извор близок до принцезата.
https://www.instagram.com/p/CFjXPhpFPpJ/
На многу обожаватели сепак “во око им падна“ фактот дека принцезата носи – розови нараквици, па многумина поради тоа заклучија дека на тој начин Ежени можеби го откри и полот на своето прво бебе, но за тоа мора да почекаме па да видиме.
https://www.instagram.com/p/CC3bPdjFw62/?utm_source=ig_embed