Среќна вест за целото семејство – познатата ѕвезда повторно е бремена, ќе се породи по трет пат!

Американската пејачка и актерка Џесика Симпсон и нејзиниот сопруг објавија на социјалните мрежи дека ќе станат родители по трет пат, и дека носи девојче.

„Изненадување. Ова мало девојче ќе биде петтиот член во нашето семејство. Не можеме да бидеме посреќни поради овој благослов“, напиша Симпсон на Инстаграм.

ADVERTISEMENT

Таа потоа на социјалните мрежи сподели фотографии од шестгодишната ќерка Дру и година дена помладиот син Аса, кои држат многу балони во рацете, а сподели и една фотографија на која се држи за стомакот.

Оваа среќна вест на познатиот пар стигна само неколку дена откако Џонсон го прослави 39 роденден. Сопругата роденденот му го честиташе со фотографија и емотивна порака.

 

View this post on Instagram

My Baby Love

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson) on

„Среќен роденден за мојот најдобар пријател, татко на моите бебиња и мојот сопруг. Те сакам, засекогаш“, напиша таа минатиот викенд на Инстаграм.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed