Во интервју за српскиот портал Стори Карлеуша после долг период даде изјава за Душко Тошиќ и стана главна тема во медиумите.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Душко се трудеше да ми ја отежне секоја секунда од животот и да покаже каква животна грешка е тоа, а ако мислите на линчот што го доживувам од време на време од јавноста, тоа го гледам како голема мотивација и инает. Затоа ја има и песната „Минута“ на крајот на која им благодарам на сите! Сето ова што го набројав ме направи толку силна – изјавила ЈК.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Јелена призна дека имала многу болки во животот и дека баладата „Јас“ е полна со автобиографски моменти.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Душко реагираше со цитат на „Инстаграм“, одговарајќи на нејзината изјава дека и е грешка во животот.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Тошиќ денеска ја остави на страна расправијата со својата се уште венчана сопруга и им се обрати на ќерките.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Имено, денес е важен ден во семејната вила на Дедиње, нивните наследнички Атина и Ника Тошиќ денеска слават роденден.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
И додека постарата наследничка наполни 15 години, а помалата 14, родителите решија да ги остават настрана нивните конфликти за овој ден да биде посебен за девојките кои им значат се во животот.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Душко Тошиќ им се обрати на ќерките објавувајќи нивна заедничка фотографија на „Инстаграм“ со која напиша „Среќен роденден!“.
фото инстаграм/Душко Тошиќ
На споменатата фотографија сестрите Тошиќ позираат во мини фустани и јасно е дека прераснаа во прекрасни девојки кои особено ги следат трендовите.
фото инстаграм/Јелена Карлеуша
Бидејќи одамна немавме прилика да ја видиме Атина Тошиќ, сите беа изненадени од нејзината промена на фризурата, и одлуката да ја скрати косата.