Србија тагува – Почина познатиот актер!

Веста за неговата смрт ја потврдија и од Народниот театар од Сомбор
Актерот Живорад Жика Илиќ почина на 73-годишна возраст, соопшти неговиот Народен театар од Сомбор.
„Ги известуваме нашите драги пријатели и публиката дека нашиот Жика си замина. Замина храброста, радоста со кои тој пркосеше со леснотија без разлика на сето она што животот го стави пред него. Ни даде императив да се стремиме кон тоа. Остави еден шарм“, се наведува во соопштението.
Погребот ќе се изврши во четврток, 30 ноември, во 13 часот, на Малите православни гробишта во Сомбор, пишува Ало.
Живорад Илиќ е роден во 1950 година во Кличево, општина Пожаревац. Дипломирал на Драмското студио на Српскиот народен театар во Нови Сад.
Како што се наведува, тој бил член на ансамблот на Народниот театар Сомбор од 1972 до 2015 година. Како пензионер беше активен на репертоарот до последните денови.




