Реклама
Вирално

Србија со добра вест за македонските граѓани: Олеснето патувањето на север додека трае епидемијата

Реклама

Српската премиерка Ана Брнабиќ изјави денеска дека 1 јуни ќе стапи во сила либерализиран режим на граничните премини со четири држави во регионот (Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија и Северна Македонија), без обврска на граѓаните на тие земји да имаат негативен тест за Ковид-19 при преминување на границата со Србија.

-За државјаните на овие земји нема потреба од овие тестови, тие ќе влегуваат во Србија како и пред појаватa на Ковид-19, изјави српската премиерка.

За странците од другите земји засега и понатаму останува во сила обврската да имаат валиден негативен ПЦР тест на коронавирус и одобрување на владина комисија при преминување на границата, изјави Брнабиќ, додавајќи дека странските државјани, доколку се особено важни за српската економија, можат да влезат и без негативен ПЦР тест.

Маркетинг
Кога станува збор за српските државјани, таа изјави дека тие можат да влезат и да ја напуштат Србија кога сакаат.
Брнабиќ истакна дека ќе настојува да го либерализира влезот во Србија што е можно повеќе, потенцирајќи дека, покрај заштитата на човековото здравје, целта е да се постигне што е можно поскоро целосно економско закрепнување и раст.

 

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button