СПОРЕД НАРОДНИТЕ ВЕРУВАЊА, ОВИЕ ЛИЦА НЕ СМЕАТ ДА БИДАТ ВАШИ КУМОВИ! Ова МОРА да го знае секој Македонец!

Видот на кумови кои родителите ќе ги изберат за детето ќе останат исти доживотно
За мнозинството Македонци кумството е свето, а кумот секогаш има посебно место во прославите на едно семејство.
Кај нас постои изреката „кумството не се одбива“, но дали всушност знаете кои личности не треба да ги избирате за ваква чест според старите верувања?

Фото Пекселс
Една од најважните улоги на свадбата ги има кумот/кумата. Во минатото кумството се наследувало, а денес најчесто во Македонија, прво се прашува стариот кум на младоженецот дали би сакал повторно да биде кум и да го венча.
Но многу почесто кумот е личен избор на самите млади, а тоа е најчесто некој добар другар/другарка на младоженецот или невестата.

Фото Пекселс
Зошто постои кум на свадба?
Обичајот да се има кум на свадба е поврзано со постарите верувања, кога младоженецот тргнувал да ја ”фати” невестата.
Најчесто, неколку добри прилатели вклуќувајќи и еден лидер го подржувале, добро наоружани. Овие така наречени ”војници” го бранеле младоженецот од други мажи кои се обидувале исто така да одат по невестата, или пак и против фамилијата на невестата од каде што таа требало да биде украдена.

Фото Пекселс
Како што минувале вековите и опа сноста од кидн апирањето на невестата пополека стивнувало, обичајот останал, така што денес кумот и старосватите, го подржуваат младоженецот на свадбата.
Дали можете да бидете кум/а?
Кум/а на свадба не може да биде некој што не е крстен во црква, исто така и неможе да се венча некој што не е крстен. Доколку не сте крстени ќе морате тоа да го направите пред свадбата.

Фото Пекселс
Без разлика дали имате партнер/ка или не, и дали сте маж или жена, можете да бидете кум/а.
Крштевањето на детето е неговиот прв чекор на патот кон Бога, а самата церемонија е светол празник за секое семејство во Македонија. За да се одржи светата тајна според сите канони, мора да обрнете посебно внимание на изборот на кумови за бебето!
Се верува дека кумовите се ангели во светот кои се повикани да му помогнат на малиот човек да започне духовен живот, кој ќе го штити од искушенија во текот на неговиот живот. Изборот на кумови влијае на иднината на детето, имајте го тоа предвид.
Ккрштевањето на детето се врши еднаш. Во никој случај не треба повторно да се крсти дете, што и да се случи! Кумовите кои родителите ќе ги изберат за детето ќе останат исти до крајот на животот.

Фото Пекселс
Кои личности не може да ви бидат кумови?
Не можеш за кум да земеш девојче помладо од 14 години и момче до 15 години. Црквата верува дека само после оваа возраст човекот може да се занимава со духовно образование,
Освен тоа, никогаш не треба да се земаат за кумови монасите и калуѓерките, ниту лицата со ментални болести. Освен тоа, ниту родителите на детето не можат да бидат кумови.

Фото пекселс
Кумови за свадба
Според народното верување, невозможно е да се земе немажена жена за кума на девојче, а невенчан маж за кум на момче. Исто така, постои суеверие за трудниците кои не треба да се земаат за куми.
Според гледиштето на црквата, најважно е тој што ќе го одберете за кум за вашето дете или за свадба да биде добар човек, сите други работи се помалку важни!

Фото Пекселс
Што е несебична љубов, како да се препознаат границите меѓу доброто и злото, што е вера, совест, трпение и милосрдие: духовните родители треба да му кажат на своето кумче за сето тоа. Ова е нивниот главен подарок!
Тешко е да се разбере и прифати таква изјава, бидејќи вообичаено е да се носат пари, играчки за детето. Одлично е, се разбира! Но, многу луѓе забораваат дека кумовите се првенствено духовни ментори, пишува Стил.




