Реклама
ТрендовиШопинг

Според експертите овие чевли ќе бидат хит оваа есен – последните модели најверојатно на многу Македонки нема да им се допаднат!

Реклама

Новите трендови полека го заземаат своето место

Пред нас е нова сезона, а доколку сакаме да бидеме подготвени за неа треба на време да ги преуредиме нашите плакари. Најдобро е да почнеме од чевлите, односно да ги вратиме во игра моделите што во летниот период не ги носевме, или едноставно да ја подновиме нашата колекција со еден или два нови модели. Новите парчиња што секојдневно пристигнуваат во продавниците веќе не поттикна да размислуваме за новите трендови што ќе ги „фураме“ оваа есен.

Маркетинг

Па од на што досега можевме да го видиме, а и да го прочитаме од модните магазини, неколку трендови ќе ја одбележат есенските денови, а ние во продолжение ќе ви ги претставиме најпопуларните.

Маркетинг

Животински дезени

Оваа есен голем хит се животинските дезени, а меѓу нив посебно безвремените леопард шари кои ќе ги гледаме насекаде, па и на чевлите. Тие и на наједноставните комбинации им даваат доза на префинетост и елеганција, дури и кога ги носите со фармерки и обична маица.

Aquazzura

Aquazzura

 

Gianvito Rossi
Loewe

Saint Laurent

Лакирани

Оваа есен и зима во мода се секси лакирани чизми или салонки. Но имајте на ум дека лакираната кожа може да биде малку „тешка“ и да делува премногу нападно, особено ако не внимавате со какви модни парчиња ќе ја комбинирате.

Alexandre Vauthier

Ellery

Giuseppe Zanotti

Paul Andrew

Paul Andrew

Ретро салонки

Овие модели ќе ве освојат на прв поглед. Наместо опасните високи потпетици оваа есен изберете модели со затворени преден дел и пониски „kitten“ потпетици.

Gianvito Rossi

Jil Sander

Mercedes Castillo

Zara

Каубојки

„Каубојките“ се модел кој дефинитивно треба да го има секоја дама во своите плакари

Chloe

Ganni

Zara

Zara

 

Грди, робусни патики

Она што во претходните сезони беа патиките Стен Смит од Адидас, сега се робусните гумени модели со подебел ѓон и предимензиониран изглед. И покрај тоа што овие патики изгледаат поприлично грдо и неженствено, познатите трендсетерки се луди по него и само прашање на време е кога овој тренд ќе стигне и на нашите улици.

Balenciaga

Nike M2K
Stella McCartney
Zara

Војнички чизми

„Војничките“ чизми беа популарни и минатата година, но ќе бидат голем хит и во следните неколку месеци. Според Елизабет вон дер Голц директорката задолжена за глобалната трговија во популарната веб продавница Net-a-porter, „combat“ чизмите и оваа сезона ќе бидат межу најбараните модели, а покрај тоа што можете да ги нсите со фармерки и панталони, одлично стојат и со романтични фустани.

Тие даваат моќен изглед на секој стајлинг и со нив, за разлика од моделите со високи потпетици, многу полесно ќе се движите во зимскиот период, а беа вистински хит и во летните месеци, односно на фестивалот Коачела.

Alexander McQueen

Balmain

Gucci

Gucci

Zara

Dr. Martens Jadon

Jade Refined Combat Boot

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button