Спасен Силјаноски ја покажа својата емотивна страна – откри КОГО САКА НАЈМНОГУ СВЕТОТ
Македонскиот пејач ја покажа својата емотивна страна и откри кого сака најмногу на светот.
Тој е еден од најдобрите машки вокали а македонската музичка сцена и е еден од ретките кој долго се држи на врвот.
Спасен Силјаноски долги години опстојува на естрадата, а важи за скромен и вреден, пејач кој никогаш не дозволи славата да го промени.
Публиката го обожава, а тој ѝ возвраќа со убава песна.
Исто така е голем патриот и секогаш на своите свирки пее само македонски песни.
Вљубеник е во македонската традиционална песна.
Песните ги изведува со могу емоции и секогаш допира до срцата на публиката.
Освен што е доста ангажиран како музичар, тој е и активен на социјалните мрежа, каде споделува и фотографии од своето семејство.
Често објавува и статуси преку кои го изразува својот став и мислење на разни актуелни теми во државата.
Особено знае да биде брутален и кон своите колеги, кои претпочитаат да изведуваат српски песни, наместо македонски.
Неговото семејство му е најголема пддршка во сѐ што прави.
Иако со својот шарм и насмевка ги освојува женските срца, неговото го има освоено само неговата сопруга Ана.
Круна на нивната љубов се нивните две деца.
Пејачот се труди секогаш да промовира вистински морални вредности и љубов кон семејството, но и татковината.
„Имам семејство кое ја негува македонската традиција и музика. Често пати знаеме да седнеме да се расположиме, да запееме по некоја песна“, изјави тој.
За својата сопруга секогаш има само пофални зборови и често на социјалните мрежи ја покажува и романтичната страна.
Спасен и Ана се вистински пример како се негуваат љубовта и бракот.
Неговото семејство му е најважно, а тоа уште еднаш го докажа спделувајќи фотографија со неговите деца. Во опис Спасен напиша и емотивна порака.
„Честопати сам се прашувам дали ќе можам да им ја обезбедам најдобрата иднина?
Искрено не знам…Никој на овој свет не е совршен, па ниту јас…
Но, знам дека ги сакам повеќе од сѐ друго на овој свет…На крајот љубовта е поважна од ѐ нели…“, стои во опис на фотографијата.
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски
ФОТО: Фејсбук / Спасен Силјаноски