Спасен Силјаноски се појави на свадба, убавата невеста се ВООДУШЕВИ – пејачот направи вистинска фешта
Спасен Силјаноски имаше посебна причина да запее на оваа свадба и да ги расположи гостите
Најдобрата забава ја направи пејачот Спасен Силјаноски
Познатата водителка од телевизија Алфа, Александра Бела, вчера се заколна на вечна љубов и заплови во брачни води.
Свадбата беше во еден познат скопски ресторан и на истата беа присутни многу нејзини познати колешки и колеги.
Што се однесува до музиката, посебен момент беше кога на сцената се појави пејачот Спасен Силјаноски и го запеа својот хит.
Фото: Инстаграм/ Бела Александра
Имено, Спасен од неодамна и е и колега на Бела – тие заедно со водителката Адријана Алачки ја водеа најновата „Везилка“.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Невестата облечена како вистинска принцеза во бела романтична венчаница беше пресреќна кога нејзиниот колега се фати за микрофонот и ја запеа неговата популарна песна „Ќе ти дојдам вечер“.
Фото: Инстаграм/ Марија Костадиновска
И штом песната започна, гостите се опуштија, па почнаа сите да играат, а меѓу нив беа и Ирена Спировска, Благој Грујовски, Сузана Турунџиева и многу други познати личности од нашите мали екрани.
Фото: Инстаграм/ Ирена Спировска
Потсетуваме, Александра која со години ја гледаме како водителка на Алфа има уште едно познато лице во своето семејство.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Имено, и нејзината сестра Елена Манојловски е позната водителка, само што таа работи во телевизија Телма.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
И двете се убави, згодни и шармантни млади дами, а се разликуваат по тоа што едната е бринета, другата русокоса…
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Повеќе фотографии од свадбата на Бела погледнете во продолжение…