Спасен Силјаноски и проф. др. Вело Марковски заедно во Егејска Македонија – еве кој им правеше друштво
го прославија Божиќ со Егејците од Централна Македонија Спасен заедно со сопругата блесна покрај уште еден познат пар од Македонија – ова сите го коментираат
Нашиот познат фолк-пејач Спасен Силјаноски одржа одличен концерт во Јаница, Егејска Македонија, а од фотографиите што испливаа можевме да видиме дека меѓу гостите беше и еден познат пар од Македонија.
Имено, пејачот во еден момент застана и позираше со професорот д-р Вело Марковски и неговата сопруга Евгенија Марковска.
Со Спасен беше и неговата понежна половина, Ана Силјаноска, со кого пејачот има две деца, син и ќерка.
Фото: Фејсбук/ Ана Силјаноска
Сопругата на Спасен блескаше во сребрен комплет додека пак понежната половина на Вело носеше црни панталони и сако.
Фото: Инстаграм/ Евгенија Марковска
Ред песна, ред оро и по некоја солза
Спасен понесен од емоциите што за Божиќ имаше чест за пее на ова место, по концертот објави видео и со емотивни зборови им се заблагодари на Македонци што живеат во Грција.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
„Спектакуларен концерт во Егејска Македонија, наплив на емоции, возвишени чувства и невидена енергија. Ред песна ред оро па и понекоја солза. Ви благодарам браќа Македонци“, напиша Спасен на Фејсбук.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
Инаку, прославата се случи во Јаница, град во средишниот дел на Егејска Македонија (Централна Македонија).
Фото: Принтскрин/ Фејсбук
На прославата често има и гости од Македонија, а Македонците од ова место се познати како големи патриоти.