Спасен разочаран, никој не го направи ова за него по несреќата?! Пејачот се огласи и јавно се пожали
Спасен падна сред настап и си ја скрши раката, а сега сподели коментар со кој направи „хаос“ на Фејсбук
Познатиот пејач падна на својот последен настап и си ја скрши раката
Познатиот македонски фолк-пејач Спасен Силјаноски падна за време на својот настап во Словенија и си ја скрши раката.
Како што самиот ни изјави во интервју за Гламур магазин, случајно се лизнал додека се симнувал од бината и незгодно паднал на плочките. И покрај преголемата болка што ја почувствувал, пејачот решил да го заврши настапот до крај, како што самиот вели, затоа што луѓето го чекале неколку месеци, било преполно и сакал да го одржи ветувањето и да направи добра веселба.
Но кога утредента се разбудил, болката била преголема, а раката отечена. Отишол на доктор каде му кажале дека му е скршена.
Како што самиот ни откри, во следните две-три недели ќе ги откаже свирките, а на 25 декември настапува во соседна Грција, пред Македонците од Егејска Македонија, и одвај чека да дојде тој ден бидејќи оваа свирка му преставува посебно задоволство.
Но додека повторно да им се врати на свирките, Спасен комуницира со своите фанови преку социјалните мрежи, а во една од своите последни пораки популарниот пејач ги насмеа сите.
„Добро бе, вакви ли фејзбук пријатели имам? На никој не му текна да му донесе понадица.. Ете не мораше банани, ама една гајба Хајнекен барем. Ве бришам“, напиша Спасен во својата објава со која ги насмеа сите.
Тој потоа објави и една фотографија од кафеана, а под неа повторно се поегува на своја сопствена сметка.
„Јас од жал, не можев да издржам, си дојдов со понада!!!“, напиша Спасен во својата последна објава на Фејсбук.
Повеќе за тоа како на Спасен му се случила несреќата и кој сега најмногу му помага, прочитајте на линкот во продолжение.
Пејачот Спасен Силјаноски искрено за несреќата што му се случи: „Добив жолт картон од Господ“ >>