Спасен им пее на печалбарите во Америка, а оваа згодна Македонка цело време го снима со својот мобилен
Им ја носи магијата на Македонија на нашите иселеници
Овие денови Спасен Силјаноски имаше неколку настапи пред нашинците во дијаспората, а моментално престојува во САД.
Спасен пред неколку дена објави неколку снимки од Њујорк, а вчера неговата колешка Сања Цинцева сподели и видео од неговиот последен настап во оваа прекуокеанска земја и ги воодушеви сите.
По неколкуте успешни концерти во Европа, Спасен замина за Америка каде настапи за Божиќ, додека за Стара нова година е во Торонто.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Пејачот се радува на средбата со новата публика, што може да се забележи и од неговите објави на социјалните мрежи.
Фото: Инстаграм/ Спасен Силјаноски
Но и нашинците што живеат во оваа земја се воодушевена од неговите настапи за кои секогаш се бара влезница повеќе.
Веселата атмосфера може да се забележи и од снимките, посебно кога Спасен ќе запее некоја убава македонска песна.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Гостите фатени во оро пеат заедно со Спасен, што покажува колку овие луѓе сакаат и знаат да уживаат во добра македонска музика.
Инстаграм/ Сања Цинцева
Но очигледно дека и нашите музичари уживаат кога се на турнеја во овие земји, што го покажаа и со своите објави на Инстаграм.
Овие неколку снимки на Инстаграм ги објави колешката Сања Цинцева која е со него на оваа турнеја, а и самиот Спасен веднаш откако пристигна објави снимка од центарот на Њујорк.
Kако изгледаше Спасен во ова свое издание, погледнете во продолжение…