Со оваа диета Лепа Брена ја доведе линија до совршенство: Мислеше дека е невозможно, но ослабе 17 килограми
Помина многу време откако пејачката Лепа Брена (59) водеше борба со килограмите. Но, и натаму се зборува за тоа, зошто многумина се интересираат како успеа да ја дотера линијата.
Брена за шест месеци ослабе 17 килограми. Позната е по витките и долги нозе, а како успеа да се ослободи од вишокот килограми, откри во една прилика. Рече дека навистина е невозоможно да се држи диета шест месеци, но на крајот успеала.
Она што ја покренало да ослаби бил коментарот на еден келнер од почетокот на нејзината кариера, кој и рекол: „Мислев дека ќе дојде пејачка, а всушност дојде трафостаница!“.
Таков коментар ја повредил пејачката, но и ја мотивирал за промена. Така брзо сфатила дека нешто се случува со нејзиното тело, и одлучила да го доведе во совршена состојба.
„Наутро обично јадев по едно или две јајца. Гледав тоа да бидат органски јајца. За ручек обично јадев посна супа без маснотии и тестенини. Всушност тоа беше вода во која се вареше зеленчукот, а се вараше долго време, така што не добивав ниту еден витамин од целата приказна. Тука секогаш имаше и некое месо, парче риба или месо, покрај салатата, ја објасни Лепа Брена својата диета од почетокот на кариерата, а познато е дека оттогаш до денес постојано држи витка линија и никогаш не ги врати килограмите кои ги изгубила пред 30 години.