Со месеци носел маска и држел дистанца, а потоа направи една грешка која ја плати со животот: Ова е неговата последна објава на Фејсбук (ВИДЕО)
Маж од јужниот дел на Калифорнија беше тестиран позитивен откако присуствувал на забава, за која напиша дека жали што отишол и тоа ден пред да ја загуби битката со болеста.
Томас Макиас, на возраст од 51 отишол на скара минатиот месец покрај езерото Елсинор, на неколку километри од Лос Анџелес, градот во кој живеел.
Кратко по забавата, ги почувствуал првите симптоми. На 20 јуни тој постираше на Фејсбук трогателна порака за да ги предупреди своите сакани за ризиците од вирусот, вели неговото семејство.
„Пред две недели излегов… поради моја глупост го загрозив здравјето на мојата мајка и сестрите“, напиша тој. „Ова беше многу болно искуство. Ова не е шега. Ако веќе мора да излегувате, носете маска, и практикувајте социјална дистанца… Се надевам дека Господ ќе не помогне, и ќе можам ова да го преживеам“.
Но не успеа. Тој почина ден после оваа објава.
Макиас рабител како возач на камион и страдал и од дијабетес, поради што бил посебно ранлив на вирусот. Докторите велат дека состојбите како дијабетес, хронично воспаление на белите дробови и астма носат поголеми ризици.
Пред да оди на скара, тој ретко излегувал, вели неговиот зет Густаво Лопез за Си Ен Ен. Но тој бил неверојатно друштвен и се чувствуал изолирано, и одлучил да ги посети своите пријатели кога рестриктивните мерки беа попуштени, додаде тој.
„Каде и да одеше веднаш наоѓаше пријатели. Многу му недостасуваа пријателите и семејството. Па кога ги олабавија санкциите тој се почувствува слободен и за несреќа отиде кај своите пријатели и ова беше резултат на таа дружба“, вели Лопез.
Еден од неговите пријатели кој бил на таа забава имал коронавирус, и тој знаел за својата дијагноза кога дошол на скара и не мислел дека други ќе се заразат зошто и самиот немал симптоми, објаснува Лопез.
– Според тоа што го знаеме ние е дека овој човек му се јавил и му рекол: Еј знаеш јас бев на забавата и јас бев позитивен. Не кажав на никого. Мислам дека овој човек не жалеше што тогаш не им кажал на другите, туку после забавата им се јавуваше и им препорачуваше да се тестираат“, вели Лопез.
https://www.youtube.com/watch?v=bpe7QvAd3ps
Макиас бил вознемирен но се обвинувал самиот себеси поради погрешната проценка, дури и преку објава на Фејсбук ги предупредил пријателите за опасноста од вирусот. Околу десетина пријатели кои присуствуале на забавата се тестирани позитивни, вели Лопез.
„Тој повеќе беше загрижен да не инфицира некого од нас“, вели неговата внука Даниел Лопез и додава: „Семејството му беше се, тој семејството го ставаше над се“.
Макиас се тестирал на 15 јуни, и добил позитвен резултат на 18 јуни и починал на 21. Потврдено е дека починал од коронавирус.
Во неговото место на живеење Риверсајд Каунти има 18.000 потврдени случаи на коронавирус и над 460 смртни случаи. Во реонот на Лос Анџелес е втор според високата стапка на срмтност од коронавирусот.