Французинот Гирере Соуде патува низ светот за да си го исполни својот животен сон.
Негов придружник во авантурите е кокошката Моник која, како што вели Гирере, го сака бродот и океаните.Монике е седумгодишна кокошка и единствен придружник на Французинот на патот околу светот. Гирере ја избрал кокошката затоа што, покрај доброто друштво, таа е и извор на храна.
Тој размислувал да тргне на авантура со мачка, но таа би барала премногу грижа. Одлуката на тој начин падна на тогашната петмесечна Моник. Тие го започнаа своето заедничко патување на Канарските острови во 2014 година.
Гирере често патува без никаква комуникација со светот. На 22 години, Французинот пловел на Атлантикот, 23 поминал 130 дена во Гренланд, а на 23 го поминал северозападниот премин – морска рута помеѓу Атлантикот и Пацификот.