Со двајца болни синови работи на пазар за 200 денари – познатите МАКЕДОНСКИ музичари повторно во хуманитарна акција
Андреј и Панчо од познатото дуо ДНК повторно во хуманитарна мисија.
Македонскиот хип-хоп изведувач, Владимир Блажев или во јавноста познат како „Панчо ДНК“ и неговиот колега Андреј Ѓорѓиески неколку пати досега ја покажале својата хуманост, а сега откако ја слушнаа тажната приказна на Биљана Блажевска, веднаш побрзаа да помогнат.
Билјана иако е со вишо образование, млада заминува како технолошки вишок, а денес е со минимална пензија.
Во најтешкиот период кога губи сè во животот, таа цели седум години останува и без ниту денар приход.
-По денешната објавена приказна на социјалните мрежи, исконтактиравме и ја посетивме госпоѓата Биљана Блажевска во нејзиниот трошен дом. Прекрасна и многу храбра жена со која судбината сакала да си поигра. Накратко сакаме да ви ги пренесеме нејзините зборови кои верувам дека нема да ве остават рамнодушни. На свои 69 години (ШЕЕСЕТ И ДЕВЕТ) работи на пазар од 08 до 16 ч за само 200 ден., нема дрва за огрев, и требаат врати, враќа долгови на извршители и на луѓе од кои позајмувала, се мачи со нејзините два сина од кои едниот е срцев болесник (додека бевме ние таму спиеше) и е работо неспособен, додека другиот има проблем со видот. Нема скоро никакви услови за живот и се греат само во просторијата каде што ја направивме фотографијата за да ви го доловиме нивниот дом. И треба и шпорет бидејќи и е многу стар и најмногу храна како што кажа тетка Биљана, напиша Панчо и додаде:
-Ве замолуваме од срце сите оние кои можете да и помогнете на секаков начин, а упатуваме апел до сите надлежни институции и до градоначалникот на Кисела Вода@orcegjorgjievski ја посети и да пробаат да изнајдат подолгорочно решение. Ние дониравме парични средства во доменот на нашите можности но верувам дека секоја помош и те како им е добредојдена.
Да помогнеме сите заедно бидејќи заедно сме посилни, а не заборавајте дека сите сме исти! За секој, вид каква било донација контактирајте ја директно тетка Биљана на овој број: 076 / 23 70 60-стои во неговата објава на Инстаграм.
Инаку Андреј и Панчо освен што се познати по своите песни, двајцата се познати и по својата хуманост.
Често помагаат онолку колку што можат и на оние на кои им е најпотребно, па доколку сте во можност помогнете и вие.