Соња Тарчуловска БЛЕСКА кога е со својата НАЈМАЛА НАСЛЕДНИЧКА – мама се топи од среќа покрај неа!
Пејачката со емотивна порака за својата најмала ќерка
Познатата пејачка ужива кога е со своето семејство
Познатата македонска пејачка Соња Тарчуловска и нејзиниот сопруг Јохан Тарчулвски се горди родители на три деца.
Соња и Јохан важат за еден од најскладните парови на нашата сцена, а круна на нивната љубов се нивните деца.
Тие скоро две децении се во брак, а плод на нивната љубов се децата Мелани, Младен и Јоана.
Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска
Мелани е најстарата од нив и таа веќе тргна по стапките на својата мајка и почна сериозно да работи на својата музичка кариера, додека нивниот син Младен има 15 години и се занимава со спорт.
Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска
Нивната трета среќа е малата Јоана, со која пејачката сега сподели фотографија на својот Инстаграм.
Фото: Фејсбук/ Соња Тарчуловска
Во прашање е свадбарска фотографија на која Соња беше со сопругот Јохан и нивната најмала наследничка, а фотографиите што пејачката ги сподели ги воодушевија нејзините фанови.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
„Со мене е многу едноставно, само треба да ме сакаш многу, ми рече ангелот мој. Те сакам животе мој, ти си ми денот, ноќта, среќата, и љубовта бесконечна“, напиша Соња врз фотографијата на која позира со нејзината малечка. Тие и двете се дотерани од глава до пети, со преубаво стилизирани фризури, а наследничката на Тарчуловска изгледа преслатко така што ги освои симпатиите на сите обожаватели на нејзината позната мама.
Фото: Инстаграм/ Соња Тарчуловска
Потсетуваме, Тарчуловска по осум години пауза неодамна повторно се врати на музичката сцена и тоа со песна чиј автор е нејзината постара ќерка Мелани. Како што самата изјави во една пригода, кога прв ја слушнала песната на својата ќерка, заплакала и веднаш знаела дека тоа е нешто што мора да го сними и објави.
Фото: Принтскрин/ јутјуб, Ѕвездите на Гранд
Како изгледаше ова враќање на Соња, но и неколку изданија на Мелани од нејзините настапи, погледнете во продолжение…