Состојбата во Венеција е лоша, а граѓаните очајни – еве како изгледа градот без туристи (ВИДЕО)
Исчезнаа гулабите од славниот плоштад Свети Марко. А зошто би доаѓале кога нема кој да ги храни. Поради коронавирусот и карантинот, не само што туристите не можеа да шетаа низ Венеција, до скоро тоа не можеа да го прават ниту жителите на градот, поради општиот карантин во Италија кој почна на 12 март.
„Венеција без туристи е мртов град“, вели 66- годишниот гондолиер Мауро Самбо, кој со оваа работа се занимава од 1975 година.
„Дури и со сите овие мерки на попуштање, кој ќе оди на пловидба со гондола? Тоа го прават странците, а не домашните“, објаснува овој гондолиер чистејќи ја својата гондола укотвена близу Дуждовата палата. Италијанската влада најави дека границите ќе ги отворат дури на 3 јуни.
Околу Големиот канал има мртва тишина. Раскошните палати од двете страни на каналот, луксузните културно историски институции се затворени.
Туризмот во италијанскиот БДП учествува со 13 отсто. ВО тој сектор се наоѓаат и 15 отсто од сите работни места во земјата. Во Венеција тоа е многу поизразено. Дури 65 отсто граѓани работата во туризмот.
„Влијанието на коронавирусот на странските пристигнувања, кои чинат 85 отсто од туризмот во градот, се погубни отколку во други одредишта кои имаат повеќе домашни од странски туристи“; рече Паола Мар од градската туристичка канцеларија.
„Ова е војна, а војни сме преживувале и претходно“, тврди 47-годишнот градежник Франчесто Пецин. „Ќе го пребродиме ова благодарение на нашиот претприемачки дух“, додава Пецин кого новинарите го затекнаа во прошетка покрај Мостот на воздишките. „Но туризмот е неопходен“.
Со него се сложува и 61-годишниот златар Енрико Фачети. „Градот својата економија ја темели на туризмот. Можеби тоа е грешка, но немавме избор“.
Венеција низ својата историја била отворен град. Нејзината економија отсекогаш прифаќала трговци од сите видови и таа отвореност носела напредок и престиж.
„Историски, Венеција е светски, космополитски град“, вели Фачети.
„Погледнете ја оваа базилика“, додава тој покажувајќи на црквата Свети Марко. „Таа е во византиски стил, бронзените коњи пристигнаа од Цариград“.
Има и од оние кои и покрај кризата мислат поинаку. На големиот плакат обесен на една зграда пишува: „Сити сме од ноќевање со појадок!“
#Venice's gondolas are back after Italy relaxes #Covid_19 restrictions – NO COMMENT https://t.co/4NZm6MJopk pic.twitter.com/fR62CgiuL1
— en.AzVision.az (@AzVisionEn) May 19, 2020
Властите со години ги занемаруваат своите граѓани. Венеција со пошироката околина има 260.000 жители, но од тоа помалку од петтина живеат во историскиот центар.
Oдливот на жители на копно, каде цените се пониски, а животот полагоден, не престанува. Дури и на островот Муран, познат по производството на стакло, една стакларска работилница е претворена во хотел-ресторан.
„Нема повеќе традиционални занаети“, вели претприемачот Димитри Тиоцо. И покрај сите приговори, враќањето на туристите е приоритет, вели Мар.
Се присети и на историски големите поплави од крајот на минатата година, кои на градот му нанесоа милионска штета.
„Овој град страда уште од ноември“, рече таа.