Реклама
Вирално

Сопружници заболеле од коронавирус: Детално ги опишуваат симптомите и низ се што поминале десет дена

Реклама

Брачна двојка од Лондон, Хуј Нхјен и неговата сопруга Трам заболеле од коронавирус и покрај тоа што цело време ги преземале сите мерки на претпазливост.

– Се инфициравме со коронавирусот. Јас сум асматичар од детство, додека таа е целосно здрава, а болеста не изненади и нас и лекарите, вели Хуј.

Коронавирусот кај оваа брачна двојка предизвика необичен исход.

Маркетинг

Тој и неговата сопруга Трам се опоравуваат од вирусот, а сега детално опишуваат како изгледале нивните симптоми.

– Уште од она што се случи во Кина, постојано внимававме иако живееме во Лондон. Уште пред да се воведат мерките во Велика Британија, ние држевме физичка дистанца од другите луѓе и ги почитувавме и другите мерки кои ги спроведуваше Кина. Сепак, некако се заразивме. Ниту денес немаме потврда зошто во Англија слабо се спроведува тестирање, но судејќи според симптомите, заболевме од Ковид -19.

Маркетинг

Еве што научивме од своето искуство:

– Јас сум во високо ризична категорија бидејќи сум асматичар. Меѓутоа моите симптоми се благи – само температура и болки во мускулите, додека мојата сопруга иако целосно здрава, помина многу полошо од мене. По неа два пати доаѓаа од Итната помош, а на крајот е хоспитализирана.

– Според нашето искуство, најопасен период е 7-10 ден од појавата на симптомите.

– Долго се опоравуваме – на мојата жена и требаа три недели за повторно да застане на нозе.

МОИТЕ СИМПТОМИ

Првиот ден, работев нормално, ручав, а по враќањето од работа се чувствував исцрпено. Имав температура (38,2), но повеќе внимание ми привлече високиот пулс (120, а обично е 70). Дишев нормално. Испив многу вода и легнав да спијам.

Вториот ден, температурата ми беше околу 38. Спиев 18 часа. Малку јадев и пиев многу вода.

Третиот ден, температурата и натаму ми беше 38, отчукувањето на срцето над 100. Спиев цел ден.

Четвртиот ден веќе немав температура. Бев само уморен, отчукувањата на срцето и натаму беа високи.

Петиот ден температурата ми се покачи на 38,5. Почнаа болки во мускулите. Испив парацетамол и се вратив да спијам. Исто беше и шестиот ден.

Седмиот ден се спушти.

Осмиот ден, се беше нормално освен отчукувањето на срцето, но брзо се врати во нормала.

СИМПТОМИ НА ЖЕНАТА

Првиот ден се разбуди со температура од  38,5  и со сува кашлица. Мојот маж веќе имаше симптоми, па претпоставив дека и јас сум заразена. Бев екстремно уморна, пиевм по малку вода, испив парацетамол и се вратив да спијам.

Наредните четири дена ми поминаа исто. Со висока температура и само лежев во кревет

Петтиот ден, се обидов да разговарам со мажот, но не можев да се фокусирам на ништо. Тешко дишев, Температурата ми беше 39,5. Мажот ми донесе парацетамол и повика итна помош која дојде два часа подоцна. До тогаш температурата ми спадна на 38 и дишењето се стабилизираше. Не ме тестираа за Ковид-19, само ми рекоа дека веројатно сум заразена. Ми оставија антибиотици во случај да не имам бактериска инфекција и заминаа.

Шестиот ден температурата беше над 39. Земав по грам парацетамол на секои шест часа. Спадна на 38.

Седмиот ден , температурата скокна на 39,5. Кашлав се повеќе и пак не можев да дишам. Бев во полусвесна состојба. Испив парацетамол и мажот повика итна помош. Овој пат бидејќи состојбата не се смируваше, ме префрлија во болница. Таму ми зедоа крв и ми ги снимија блите дробови. Снимка покажа дека се е во ред, додека крвта покажа нешто друго (не се знае точно што е зошто целиот период не бев тестирана за Ковид-19). Ми рекоа дека полесно ќе се опоравам дома и среде ноќ ме пуштија.

Осмиот ден, со температура од 39, продолжив да пијам парацетамол.

Деветиот ден, одеднаш температурата падна на 37.

Десетиот ден, бев помалку или повеќе подбро освен кашлањето. Исто беше и во наредните денови.

Не го потценувајте овој вирус – сите очекуваа дека лесно ќе ја пребродам инфекцијата зошто сум здрава, но беше пеколно. Здравствените системи ни се преоптоварени и лекарите не можат да ни посветат доволно внимание. Затоа преземете ги сите мерки за да не се заразите – порачува таа.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button