Сопругот на македонската пејачка ѝ приреди изненадување: „Принцот го дочекав, ми cе насолзија очите“
Македонската пејачка живее во невиден луксуз и воедно ужива во љубовта.
Пејачката на фолк музика, Анета Наковска е долги години на македонската музичка сцена и е една од најдобрите и најплатените пејачки. Но, патот до врвот не е воопшто едноставен и зад нејзината богата кариера стои многу работа, труд и посветеност на музиката.
Таа важи за една од најангажираните пејачки, која сѐ додека на сцена не стапи пандемијата, имаше многу настапи во земјава, но и надвор од нејзините граници.
Она што исто така мора да се признае е дека пејачката изгледа одлично во петтата деценија од својот живот.
Освен што има завидна кариера, таа буквално и во приватноста живее бајка.
Анета е долги години во среќен брак со охриѓанецот Спиро Крлевски кој живее во САД и поради кој долго време беше на релација Америка-Македонија.
Во едно свое интервју откри како се запознале со Спиро и каде се случил нивниот прв бакнеж.
–Со Спиро првпат се бакнавме во авион. По само девет дена ме побара за жена, раскажа Наковска.
Она што беше интересно и за што пишуваа медиумите беше тоа дека тие двајца тајно се венчаа за време на нивната поета во Лас Вегас.
Пејачката која е доста активна на социјалните мрежи и на Фејсбук сподели фотографии од нивната авантура.
И двајцата се трудат да ја негуваат нивната љубов и да бидат максимално посветени еден на друг. Таа често на социјалните мрежи се фали и со романтичните гестови кои ѝ ги приредува нејзиниот сопруг.
Неодамна, кога за нејзиниот роденден доби подаро 101 роза од Спиро, таа пресречно порача дека неверојатно е
чувството кога саканиот ќе ви направи вакво изненадување за роденденот.
– Епа најмил мој, мажу мој љубен, утрово кога го добив букетов знаеш дека ми се насолзија очите, но не знаеш дека на денешниов ден посакав токму 101 роденден заедно двајцата да си славиме еден дааааалечен ден… Многу ти благодарам љубов за ова прекрасно изненадување. Да, јас си почекав подолго во животот, ама вредело се, бидејќи принцот си го дочекав – напиша Наковска.
Она што е важно кај музичарите е тоа од партнерот да добиваат максимална поддршка. Нивната работа бара многу посветеност и носи многу отсуства од домовите. Токму затоа партнерот треба да има максимално разбирање.
Во една прилика Наковска откри дека партнерот не само што ѝ дава максимална поддршка во градењето на естрадната кариера, туку дека и директно е вклучен во креативниот дел.
– Мојот маж се потпишува како косценарист и корежисер на видеозаписот за „Да се родат дечиња“. Спиро покажа неверојатен талент, смисли прекрасна приказна и одбра уникатни локации – откри во една прилика пејачката.
Откао започна пандемијата Ковид 19, пејачката и нејзиниот сопруг дојдоа да живеат во нивната луксузна куќа во село Велгошти. Секој кој ја видел се воодушевил од нивната куќа.
Таа е изградена целосно од камен, а особено впечатлив е големиот дневен простор со внатрешен базен. Комбинацијата на бетон, греди и локален камен на целокупната градба и даваат специфичен изглед кој претставува спој на модерната и рустикалната архитектура.
Она што е интересно е дека пејачката одлучи да го спои корисното со убавото, па полоина од нејзиниот дом претори во ресторан. Таму таа секојдневно ужива, а фотографии споделува на социјалните мрежи. Во нејзиниот ресторан настапуваа и многу нејзини популарни колеги.
Анета е многу активна на социјалните мрежи каде често гласно и директно ги критикува потезите на власта, за кои смета дека не се о корист а граѓаните.
Темата на која сега најмногу зборува е секако пандемијата и вакцинацијата против Ковид 19.
Како и да е, пејачката знае како е ужива во животот, а фотографии од нејзината идила погледете во продолжение: