Реклама
Новости

Сопругата на Новак Ѓоковиќ сподели преубава вест – нивната ќерка Тара седна во школските клупи

Ќерката на Новак Ѓоковиќ тргна на училиште

Реклама

Ќерката на Новак и Јелена Ѓоковиќ тргна на училиште, а истиот ден го прослави и својот седми роденден.

Оваа среќна вест на Инстаграм ја сподели мајката Јелена истакнувајќи дека Тара и нејзиниот брат Стефан многу брзо пораснале.

„Боже, колку брзо растат“, напиша Јелена со фотографија на која позира со Стефан и неговата сестричка Тара.

Маркетинг

Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ

И додека Тара тргнува во прво одделение и за прв пат ќе седне во школските клупи, нејзиното постаро братче годинава е четврто.

Маркетинг

Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ

Тие се запишани во едно приватно училиште кое практикува специфична работа со децата. Јелена, како посветена мајка, внимателно го избирала школото за Стефан, а истото го направи и за Тара.

Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ

„Тие избраа училиште во кое часовите не траат 45 минути, родителите активно се вклучени во образованието, а кај децата се стекнува креативноста“, истакна за српските медиуми извор близок до семејството.

Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ

Инаку, семејството Ѓоковиќ истиот ден го прослави и роденденот на Тара така што за неа и нејзините другарчиња приредија дружба со животни.

Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ

Тие беа опкружени со природа, но имаа и балони во сите бои како и огромен дворец со тобогани и топки во кои дечињата уживаа.

Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ

Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ

Инстаграм/ Јелена Ѓоковиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button