Сопругата на Новак Ѓоковиќ со моќна порака на Инстаграм со која ги воодушеви сите
Сопругата на Новак Ѓоковиќ, Јелена, ретко се огласува во јавноста и медиумите, освен кога нешто има да соопшти.
Таа неодамна заедно со Ноле отпатува во Париз каде планираат да го прослават и неговиот роденден.
Јелена преку нејзиниот профил на социјалната мрежа Инстаграм се обрати од Градот на светлината и ги извести обожавателите дека целото семејство е заедно и дека во следниот период ќе го следат Ноле на претстојниот турнир.
„Поздрав до сите од Париз. Сите сме заедно и спремни да бидеме покрај тате. Убаво е што и тука имаме место во природа каде да се опуштиме, бидејќи Париз знае да биде многу луд во овој период од годината. Се надевам дека сите сте добро, не ви се јавувам често бидејќи многу уживам во овој мој детокс од социјалните мрежи. Навистина е убаво кога човек понекогаш ќе се оддалечи од нив“, напиша Јелена на Инстаграм.