Сопругата на Мицкоски во едно од најубавите изданија – го промени имиџот, се појави и го украде шоуто
Рози во изание во какво не сте ја виделе досега
Се уште не стивнуваат импресиите по големата предност на ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг од претседателските избори.
Во партијата беа собрани најистакнатите членови и речиси цела вечер се славеше, а од фотографиите што испливаа на социјалните мрежи можевме да видиме дека меѓу највеселите беше и сопругата на можниот иден премиер на Македонија, Рози Мицкоска.
Имено, на Фејсбук профилот на идната пратеничка Гордана Димитриеска-Кочоска беа објавени неколку фотографии на кои со неа се Христијан Мицкоски заедно со неговата понежна половина, Рози.
Фото: Фејсбук/ Христијан Мицкоски
Тие се фотографираа и со кандидатката за претседател, професорката Гордана Силјановска-Давкова, која исто така блескаше од среќа, горда на успехот ѓто го постигна во првиот круг од изборите.
Фото: Фејсбук/ Гордана Димитриеска-Кочоска
Сопругата на Мицкоски за оваа пригода беше опуштено облечена, во светла блуска и со марама околу вратот, а она што сите го забележаа е дека има нова фризура која одлично се вклопи со децентната шминка.
Фото: Фејсбук/ Гордана Димитриеска-Кочоска
И нејзиниот сопруг претходно, по гласањето, објави неколку заеднички фотки на кои Рози повторно блескаше во сиот свој сјај.
Фото: Фејсбук/ Христијан Мицкоски
Облечена во пастелен фустан со впечатлив цветен дезен Рози целото издание го заокружи со пликo чанта во беж нијанса, а со благите локни во косата, како и со дискретната шминка и природниот изглед ги остави без здив присутните, но и следбениците на Мицкоски.
Фото: Фејсбук/ Христијан Мицкоски
Таа изгледаше софистицирано, елегантно и одмерено, и овој пат играјќи на сигурно, барем кога е изборот на шминка и фризурата во прашање. Комбинацијата на Рози и овојпат навистина беше пријатна за гледање, па се надеваме дека наскоро повторно ќе ја видиме во некое подеднакво интересно и впечатливо издание.
Посебно доколку нејзиниот сопруг стане премиер, со што таа многу почесто ќе биде во фокусот на јавноста.