Реклама
Наши ѕвезди

Сопругата на Бали-бег долго време не можеше да го преболи овој човек – познатиот турски актер сега е во брак со друга убавица

Реклама

Фахрије Евџен денес чека бебе со Бурак Озџивит, а нејзиното поранешно момче Озџан Дениз одлучи да го сочува бракот со младата Фејза Актан.

Озџан Дениз важи за голем заводник во Турција, а на неговиот шарм паднаа бројни убавици. Тој неодамна се ожени со дваесет години помладата манекенка Фејза Актан со која има син.

Маркетинг

Но турските медиуми неодамна ги објавија гласините дека во нивниот брак постои несогласување, и тоа најмногу поради преголемото расипништво и животот на висока нога на Фејза, по што тие мораа да ги демантираат ваквите пишувања и да покажат колку навистина уживаат во љубов.

https://www.instagram.com/p/BvGZR3Pn-m3/

Маркетинг

 

Пред да биде со сегашната сопруга, Озџан беше во брак и со Хандан Дениз. Тие во брачните води запловија во 1992 година, а се разведоа во 2000. Озџан подоцна беше во врска со уште многу други познати дами од Турција, а една од нив е и сегашната сопруга на Бали-бег, Фахрије Евџан, која никако не можела да го преболи кога раскинале.

 

https://www.instagram.com/p/Bna9A0RgaAe/

 

Фахрије сега е во брак со Бурак Озџивит попознат по улогата на Бали Бег во Сулејман величествениот со кого чека син.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button