Сопругата и ќерката на Митровиќ се пофалија со новиот авион – внатрешноста „вреска“ од луксуз, ова не сте го виделе!
Мермер и златни детали
Српскиот бизнисмен и сопственик на Пинк, Жељко Митровиќ, купи нов авион, а неговата сопруга покажа како изгледа.
Милица Митровиќ, сопругата на Жељко Митровиќ, и нивната ќерка Кристина го забележаа моментот кога целото семејство беше во авионот.
Од фотографиите можеме да видиме дека внатрешноста на авионот „вреска“ од луксуз – седиштата се од бела кожа, мермерни елементи со позлатени детали, а во авионот има доволно место за целото семејство.
Митровиќ, како што објави неговата наследничка, заедно со семејството замина на одмор во Монако.
Како изгледа новиот авион на Жељко погледнете во галеријата што следува во продолжение на текстот.
Инаку, Жељко покрај Андреа и Кристина, ја има и ќерката Сандра која е најстара и која што ја доби од првиот брак со пејачката Соња Митровиќ Хана.
Сандра своевремено работеше на телевизија како водителка на една емисија, но потоа се посвети на своето образование и се повлече од јавноста. Таа минатата година дипломираше на универзитетот Колумбија во Њујорк, каде ги заврши студиите по филмска продукција.
Таа денес многу ретко се појавува во јавноста, но затоа е активна на социјалните мрежи.
Што се однесува до поранешната сопруга на Митровиќ, Хана, која во 90-тите беше многу позната пејачка и имаше голем број хитови, таа денес е во одлични односи со таткото на нејзиното дете, но и со неговата втора сопруга Милица, со која Жељко има две деца– Кристина и Андреа.
Во продолжение погледнете уште неколку фотографии од Сандра, ќерката на Жељко од првиот брак.
Фото: Инстаграм/ Сандра Митровиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Митровиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Митровиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Митровиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Митровиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Митровиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Митровиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Митровиќ
Фото: Инстаграм/ Сандра Митровиќ