Додека властите од целиот свет апелираат и предупредуваат да се почитуваат правилата во текот на пандемијата Американците на Флорида не се загрижени. Никој не се грижи за пропишаната оддалеченост туку сите потрчаа на плажа и ја преполнија.
Фотографијата и снимките од снежнобелата плажа на западниот брег на Флорида покажаа како невнимателните љубители на сонцето уживаа минатиот викенд.
Додека некои плажи на источниот брег беа затворени поради смртоносниот вирус, познат и како КОВИД -19, гужвите и натаму се правила, и покрај предупредувањата.
Во САД има повеќе од 4.700 потврдени случаи и над 90 лица кои ја изгубија битката со болеста.
Градовите и државите ширум нацијата одговорија на епидемијатасо затворање на училиштата, браовите, рестораните и просториите во кои се одржуваат големи собири, барајќи одлуѓето да се дистанцираат додека не се смири вирусот.