Сонував да застанам на големата сцена: Уникатноста на виолинистката Сања Здјелар забележана и од ЛЕПА БРЕНА
Препознатлива по тоа што на секој настап ја носи виолината и македонското знаме на плеките, младата виолинистка Сања Здјелар стана главна атракција на свадбените веслби.
Во последно време таа направи тренд со својата виолина, па бројни млади ширум државата ја ангажираат за нивната свадбена церемонија.
Специфична по начинот на кој со својот инструмент ја носи песната таа стана омилена меѓу народот.
Сања преработува песни кои се светски хитови, но ја негува и македонската традиција.
Кога таа ќе се појави нa свадбата и кога ќе почне да свири тоа е ежење…
Инаку, Сања започнала со музика уште од дете, таа има завршено музичко образование, а за време на пандемијата се сетила на идејата да прави преработки на популарни песни.
Оттогаш идејата почнала да се развива во друг правец. Кога се разлабавија мерките и почнаа да се органзиираат веселби по рестораните почнале да ја бараат за настапи и така спонтано од човек на човек луѓето дознавале за нејзината уникатност.
Но, најголемиот сон за Сања било тоа да се појави пред бројна публика на големата сцена.
Сонував….
Сонував дека еден ден ќе застанам на голема сцена.
Мечтаев правејќи концерти кои беа реализирани само во моите мисли…..
Знам дека од некаде ме гледа
“малата Сања“ која што мечтаеше да настапува на големи концерти и се гордее со
“ Сања која што сум денес “ 🎻✨🥹
Ова го напишала таа на својата објава на социјалните мрежи.
Здјелар викендов беше на сцената на „Билјанини извори“ на покана на пејачката Ивона Јо.
Виолинистката ѝ се заблагоради јавно, а во коментар ги спомена сите кои ѝ биле поддршка пред да се качи на сцената.
Радосна за тоа што сонот и станува реалност Сања споделила со јавноста дека нејзината објава на стори ја видела и мегаѕвездата Лепа Брена.
Браво за прекрасната и харизматична Сања!