Случајот со девојчето од сиромашно семејство на мигранти кое доби поинаков ручек од другите ученици во едно училиште ја подели италијанската јавност.
Девојчето во основното училиште во близина на Верона за ручек доби само крекери и малку туна од конзерва, додека другите деца добиле тестенини и друг оброк за ручек. Поради тоа, девојчето почнало да плаче, се наведува во извештајот на БиБиСи , осврнувајќи се на италијанските медиуми.
Фудбалерот на Интер-Милан Антонио Цандрев, кој беше особено трогнат од приказната, им понудил на родители на девојчето да ја плаќа храната во училиштето.
Иако е човечки гест, случајот предизивика рекација и кај водечките политичари на анти-имигрантската и популистичката лига, кои владеат во Италија со движењето против естаблишментот со пет ѕвездички. Најпознатиот член на Италијанската лига е министерот за внатрешни работи, Матео Салдини .
И градоначалникот на Минерба е во иста партија, па неговото објаснување за случајот не е изненадувачки. Тој рече дека оброк направен од крекери и туна бил гест на „праведност за оние семејства кои редовно плаќаат за кантина”.
Противниците веруваат дека ова е груба дискриминација и понижување на детето на сиромашните родители. Приказната наскоро се проширила на социјалните мрежи и откриено е дека многу други деца од сиромашни бегалски семејства биле изложени на сличен третман. Во некои случаи, пишува „La Repubblica“, наставниците се откажуваат од ручекот во корист на децата чии родители не можат да си дозволат да ја платат кантина.
Сепак, градоначалникот Жирарди вели дека градот им помага на триесет семејства кои не можат да платат, а по мерката на овие деца им следи различен ручек, бидејќи во спротивно, целиот систем може да се распадне.
„Се соочуваме со десетици родители кои не можат да го платат, па решивме да ги поставиме границите. Ние не сакавме да дојдеме до ова, но ризикуваме децата чии родители правилно плаќаат да не добиваат соодветен оброк – рече Жирарди.
Опозиционите градски советници од левичарската либерална Демократска партија го поставија следното прашање: – Па, како можам да кажете деке е во ред оваа работа кога детето во основното училиште е понижено само затоа што неговите родители се сиромашни?