Ново беспрекорно издание на познатата хрватска пејачка
Северина дефинитивно е една од најдобро облечените дами во регионот. Таа не се плаши да експериментира со новите трендови и не ретко не воодушевува со нејзините интересни комбинации, а за ова неверојатно издание можеме слободно да кажеме дека се надмина и самата себеси.
Имено таа на свеченото отворање на „Designer Outlet Croatia“ избра беспрекорна комбинација со хит парчиња за оваа сезона, но и фантастична фризура. Пејачката во косата додаде екстензии и ја исплете во супер долгa високa плетенкa со коja не потсети на Бијонсе, а беше облечена во интересна црна блуза на преклоп со напумпани ракави и раскошно асиметрично здолниште со големи карнери.
Комбинацијата ја запечати со долги обетки со реси во црвена боја, едноставни црни сандали со високи потпетици и тренди проѕирна чанта со потписот на Шанел