Совети од дедо Тони (82) кој по потекло е од Македонија, и за кого љубовта е најважна: „Облечи се, дотерај се. На сите треба да им бидеш драг и симпатичен“
Виталниот пензионер од Хрватска стана интернет сензација поради неговата изјава дека грипот не постои.
Таљат Селмани Тони има 82 години и е здрав како дрен. Тој по потекло е од селото Вруток што се наоѓа под Шар Планина, Македонија, во близина на самите извори на Вардар, а откако отслужил војска во Хрватска поради љубов се преселил во Загреб каде што и денес живее со неговата сопруга Нада. Откако стана виртуелна ѕвезда во целиот регион, тој доби и понуда од Вартекс да се појави во нивна реклама за костумите, но и да се прошета на модните писти.
Прв манекен во Југославија
Тој и во младоста се занимавал со манекенство, а како што вели самиот за хрватските медиуми, во 60-те тоа било ценето и интересно занимање. Тој и во младоста соработувал со Вартекс, но и други брендови од поранешна Југославија, и додава во тоа време не постеле агенти, туку моделите сами ги склучувале договорите по кафулињата.
„Навечер ќе се нашминкавме, ќе ги облечевме најдобрите костуми и ќе се појавевме на главните шминкерски места. Таму ќе се покажевме и разни директори ќе ни се доближеа и ќе не прашаа дали сакаме да ги рекламираме нивните производи“, вели тој за „Јутарњи лист“.
„Вежбај пи*да ти материна“
Инаку, овој симпатичен 82-годишен старец се прослави со неговите едноставни совети за здрав живот.
Видеото на кое тој ги советува граѓаните за само неколку дена имаше повеќе од 500 илјади прегледи, а на интернет се појавија и маици со неговиот лик и со неговото сега веќе познато мото „Вежбај, пи*зда ти материја“
Имено, на Фејсбук страната Гарица се појавија маици со неговиот лик и неговото познато мото, а од секоја маица 20 куни (околу 160 денари) ќе бидат донирани за Домот за стари и изнемоштени лица во Загреб.
Советите на дедо Тони
Секое утро вежбам, а потоа и се шетам. Но можете и да трчате, скокате, да вежбате на справи, горе-долу, ма се’ можете. Мене не ми треба капут, не му е студено, можам и гол да трчам по снегот. Никогаш не сум бил болен, не одам на доктор, здрав сум цел живот, – вели Тони и додава дека тренирал боречки вештини и дека и ден денес може и многу помлади од него со еден удар да ги турне на подот.
И неговата сопруга била манекенка
Тој вели и дека некои реклами ги снимал со сопругата за која вели дека е најубавата жена на светот.
„Со сопругата Нада веќе 55 години сме во брак и имаме син и внук. Тој веќе сега е, на свои 5 години, вистински маж и најубавиот на светот“, вели скромно Тони за неговото семејство и додава дека љубовта е најважна на светот.