Снимка од утринската програма на Канал 5 што сите ги воодушеви – нашата водителка никогаш поубава
Познатата водителка во преубаво есенско издание
Познатата водителка Милена Антовска-Станковска и ова утро се потруди на сите да им приреди вистинско изненадување.
Таа овој пат избра преубав цветен фустан, па кога се појави пред гледачите на малите екрани многумина со уживање ја гледаа.
Станува збор за преубав цветен дезен во разиграни есенски нијанси, а Милена целото издание го зачини со високи потпетици во боја кој што е една од најпопуларните нијанси за оваа сезона.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Фустанот беше кус, така што Милена ги истакна своите нозе во преден план, а како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
И веднаш откако Милена го сподели видеото со ова свое издание, следуваа бројни коментари и пофалби за нејзиниот изглед.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
„Прекрасна, како и секогаш. Со задоволство ја гледам утринската на Канал 5, голем поздрав од Охрид“, беше само еден од многуте коментари што познатата водителка ги доби од своите бројни следбеници на Инстаграм.
Инстаграм/ Милена Антовска-Станковска
Нејзиното издние го коментирше и колешката Јелена Спенџрска, која под објавата на Милена на Инстаграм напиша:
„Одма се познава дека си вратена од странство“, коментираше Јелена за ова издание на својата колешка.