Снеже Велков: „Еден ден сакам да водам ТВ ДНЕВНИК“

Снеже Велков пред неколку години се повлече од телевизиските екрани, но сега повторно може да ја гледаме во новиот телевизиски проект насловен „Вип на еден ден“. Веќе неколку години е пилаес инструкторка, која е максимално посветена на спортот, а мора да признаеме дека одлично изгледа.

Што ве натера повторно да се вратите на Тв екраните?

Упорноста на продуцентаката Лилјана Варадиновска од Маркетинг Микс Продукција е најзаслужна за моето повторно  враќање на ТВ. Нејзината верба во мене дека треба да се вратам ме натера да размислам дека е вистински момент мојата долгогодишна идеја за овој проект да се изреализира. Знаете понекогаш фали само она некој да ве поттурне и да кинисате..

ВИП на еден ден тлееше одамна како идеја но веројатно сега се поклопија коцките и ова му беше вистинскиот момент да се реализира!

ADVERTISEMENT

Што можат гледачите да видат во новото Тв Шоу?

Можат да видат многу…Реални ликови со разни судбини, инспиративни приказни за без условнаа љубов, за радост на мали нешта, за непрестајна борба и не потклекнување пред судбината. Широки насмевки, голема хуманост, подадени раце, и многу прегратки…Нашата емисија е приказна за среќата.

Кој е твојот неоставрен телевизиски проект за кој што мечтаеш?

Еден ден сакам да водам ТВ ДНЕВНИК.

Веќе подолг период сте пилатес инструктор, како ги мотивирате вашите ученици?

Ги мотивирам со насмевка и со тоа дека можат  и дека ќе успеат. Секогаш им велам да издржат уште само две броења, а така сами си го зголемуваат капацитетот на издржливост и добиваат на кондиција. Се мотивираат и меѓусебно со заеднички дружби со бодење една со друга да не отсуствуваат од часови…

Што е најважно кога се вежба пилатес?

Најважно е да се биде тука присутен во сала и со тело и со ум. Затоа што пилатесот е вежба на хармонија меѓу телото и умот, а во исто време и координација со телото и умот…Тоа е еден час во кој треба да оставите се зад себе, не измиени садови, не довршена работа, караница со колеги…

Вежбањето пилатес прави еден комплетен рестарт на организмот…

 

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed