Снаа и свекрва на кои им нема рамни – Брена и Пријовиќ изгледаат феноменално во овие фустани кои се хит за ова лето
Ново издание на Лепа Брена и Александра Пријовиќ кое им се допадна на обожавателите
Белата боја дефинитивно е најубавата боја за топлите летни месеци и апсолутен хит во сите модни едиторијали за лето 2019. На овој тренд не можеа да му одолеат ни свекрвата и снаата која во моментот е на врвот на својата популарност – Лепа Брена и мама Александра Пријовиќ.
Пријовиќ носеше мал бел фустан со куси ракави кој совршено стоеше на нејзиното убаво тело.
Фустанот од половината се шири во „А-крој“ и е со должина до колена, а Александра го носеше со коса врзана во опавче и модерни очила за сонце, како и црвен кармин.
За разлика од снаата, Брена носеше бел мантил-фустан кој беше ноншалантно раскопчан под половината, а под него „фураше“ тесни бели панталони. На половината имаше врзано златен ремен, а на главата шик шешир во бела боја, додека дискретен детаљ во боја беше малата чантичка во кајсија нијанса – одличен избор за сончев ден со нота на елеганција која совршено и стои.
Па, која од овие две комбинации ви се допаѓа повеќе?