Во последно време познатата пејачка не престанува да не изненадува со своите провокативни изданија.
Имено, Александра Пријовиќ во минатото ретко играше на оваа карта, но откако се породи се почесто знае да се појави и во пикантни изданија. Па така таа е препознатлива по својот дамски стил на облекување кој само одвреме-навреме кокетира со провокативниот изглед, но секогаш во границите на умереноста и далеку од ризичните комбинации кои се граничат со вулгарноста, а во какви сме навикнати да ги гледаме некои од нејзините колешки.
Но токму затоа и многумина останаа без зборови кога пејачката објави фотографија на која позира во долна облека.
Таа носи црна долна облека и црни високи чизми, но и покрај тоа што добар дел од телото го покри со црн мантил новопечената мама со ова „необично“ издание никого не остави рамнодушен.
Тоа можеме да го видиме и од бројните коментари што ги доби под фотографијата на сметка на својот фантастичен изглед.
Па, што мислите, дали Александра овој пат претера или не?
Во продолжение погледнете неколку нејзини „нормални“ изданија за кои имаме само пофални зборови.