Слушнете ја турската верзија од најпознатата песна на Елена Ристеска

Песната „Нинанајна“ со која Елена Ристеска нè претставуваше на Евровизија во 2006 година доби турска верзија.

Преработката на турски јазик се вика „Tam Vakti, а изведена е од пејачката Севтуг. Елена на својот Инстаграм објави краток дел од спотот и напиша: „ Малку поинаква верзија на Нинанајна, преработена на турски јазик. После скоро 12 години од Евровизија, сè уште интересна за европската публика. Сепак она што останува и она што се запишува во историја на музиката се песните, сè останато е неважно…“

ADVERTISEMENT

Инаку, Елена со оваа песна на Евровизија го освои 12-тото место што е најдобруто успех за Македонија досега.

 

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed