Случајот ја вознемири јавноста: Шехерезад низ солзи моли за помош за болното бебе
Една од најпопуларните турски актерки, 38-годишната Берѓузар Корел, која публиката ја запамети по улогата на Шехезерезад, крена бура во јавноста кога на својот Инстаграм профил расплакана му се обрати на министерот за здравство на Турција, Фахретин Кочи.
Актерката видно потресена, која и самата е мајка на двајца синови кои ги доби со сопругот Халит Ергенчен, познат по улогата на Сулејман Величествениот, низ солзи побара помош за бебе заболено од СМА – спинална мускулна дистрофија.
https://www.instagram.com/p/CEEH944pPub/
„Навистина се извинувам. Навистина не сакав да објавам ваков видео запис, но многу ми е жал поради она што сега го гледам. Ја сакам вашата поддршка. Јас всушност искористувам емоции, но мајка сум. Го молам министерот Фахретин и министерството за здравство, слушнете го гласот на овие деца. Бебето Умут е родено во февруари и потребно му е да му се купи леk на кој има право“, рече актерката додека солзи се слеваа по нејзиното лице.
https://www.instagram.com/p/CEBsZAqJrBd/
Нејзиното видео набрзо дошло до надлeжниот министер, кој реагираше и објави дека ќе обезбеди леk за болното бебе, а Берѓузар му се заблагодари.
https://www.instagram.com/p/CEFNUZUJoSt/
Инаку, Шехерезад и Сулејман во март годинав го добија синчето Хан, а пред девет години станаа родители на синот Али. Двојката е во брак од 2009 година, а се запознаа на сетот на снимањето на серијата „Илјада и една ноќ“, во која ги имаа главните улоги на Омер и Шехерезад, двојка чија љубовна приказна ја гледаа милиони гледачи низ целиот свет.
https://www.instagram.com/p/CDmRCB_p7lo/
Тајно се вљубија и зад камерите зошто Халит тогаш беше во брак со актерката Гизем Сојсалди. По разводот се ожени со сегашната сопруга кој веќе беше бремена со нивното прво дете.
https://www.instagram.com/p/CDWOampJOD0/
https://www.instagram.com/p/CCqf2W4Jqxl/
https://www.instagram.com/p/CCdV_e9p-4l/
https://www.instagram.com/p/CDJIzHVpV0v/