Запомни секогаш си слободна си да го напуштиш градот кој го задуши твоето светло, наместо да сјаеш уште посилно.
Слободна си да си ги спакуваш куферите и да почнеш од почеток некаде на друго место и слободна си да ја редефинираш смислата за живот.
Слободна си да дадеш отказ, па дури и ако целиот свет ти го кажува спротивното. Слободна си да бараш нешто на што ќе му се радуваш утре и секој следен ден.Слободна си да го оставиш оној кој го сакаш, само затоа што се однесува лошо со тебе. Слободна си да се ставиш себеси на прво место и слободна си да си отидеш кога веќе сè си пробала, а ништо не се променило.
Слободна си да ги напуштиш отровните пријатели, слободна си да се опкружиш само со љубов и луѓе кои те охрабруваат. Слободна си да земеш онаква енергија каква што ти треба во животот.Заминувањето ти дозволува да го промениш правецот, да го повториш почетокот и повторно да се откриеш себеси и да го откриеш светот.
Заминувањето понекогаш те спасува од тоа да останеш заглавена на погрешно место, со погрешни луѓе.Заминувањето ти отвора врата за промена, раст, прилики и снаоѓање.Секогаш имаш избор да си заминеш, додека не најдеш каде припаѓаш.
Извор: Здрава и среќна