Слободан Радовановиќ се соблече и ги покажа стомачните, а еден детаљ покажува колку е интимен со новата девојка

Пејачот кој беше во врска со блогерката Луна Џогани додека се уште беше во брак со Кија Коцкар повторно е заљубен

Атрактивниот пејач Слободан Радовановиќ неодамна призна дека има нова девојка, а со последните фотографии ги изненади своите обожавателки.

ADVERTISEMENT

Имено, тој позира без маица на Инстаграм, а на фотографијата се гледа како за стомакот го допира женска рака.

Пејачот се уште не открива која е девојката што го држи за стомакот, а на која неодамна и ги бакнуваше колената.

Од фотографиите можеме да видиме колку се интимни и дека Слоба ужива максимално во новата љубов.

Тој последните неколку дена, додека завршуваше ријалитито Задруга 2, привлече големо внимание на себе.

Покрај тоа што објави дека има нова девојка, неодамна објави и спотот за својата нова песна Тајни.

Во моментот е на одмор во Будва, заедно со девојката, а некои претпоставуваат дека на фотографијата е Кија.

Но таа имаше настап во Белград што значи дека не можеше да биде со Слободан во Будва и дека не дошло до никакво помирување. Кија во меѓувреме ја смени фризурата, а како што се вели – жените најчесто ја менуваат фризурата кога сакаат да направат голема промена. Дали тоа има врска со нејзиниот поранешен сопруг, останува да видиме.

Facebook Comments
(Visited 250 times, 1 visits today)