Славчо Попоски: Невреме во Македонија, еве кога

Под влијание на силен Џеновски циклон, како и на изразена влажна и нестабилна воздушна маса, денес попладне и навечер, во текот на ноќта кон утрешниот ден и утре на многу места низ Македонија ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Поради загреаната атмосфера и исполнета со енергија, и тоа поради високите температури овие денови, локално процесите ќе бидат интензивни и застапени во форма на невреме, проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, силни и чести електрични празнења, силен ветер и со појава на град кој локално би можел да биде и крупен.

Токму поради ова апелираме на крајна внимателност, дури можна е појава и на Суперќелијско невреме, а постои опасност и од локални поплавувања.
Судирот на двете воздушни маси (топлата од југ и студената од север) ќе го направат своето, односно ќе предизвикаат големо невреме на многу места на балканот.

Температурите драстично ќе се намалат, што значи дека доаѓа вистинска есен на балканот.
Овој бран во Македонија ќе пристигне денес, особено попладне и навечер кога на многу места ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.
Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Не се исклучува можноста локално градот да биде и покрупен.

Барем според сегашните изгледи, честа нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на локално невреме ќе има и следната седмица, кога ќе биде и значително посвежо.
Односно пад на температурите на воздухот се очекува уште од недела попладне и навечер. И на граѓаните во Македонија ги советуваме да бидат крајно внимателни од недела, и тоа во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја.
Во алпскиот регион оваа голема промена ќе донесе и поинтензивни врнежи од снег.

И во Скопскиот регион очекуваме нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме.
Апелираме во случај на појава на силно невреме, како и на силни и чести електрични празнења граѓаните да бидат крајно внимателни, односно да не се претстојува на отворен простор, како и под осамени дрвја.
За време на овој циклон најмногу врнежи ќе има во западната половина од државава ( локално ќе наврнат над 40 л/м2 воден талог).
Од утре ќе биде и посвежо, што значи ќе има пад на температурите за 6 до 8 степени во споредба на сегашните, и максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 28 степени.
Од вторник времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и значително посуво, иако локално ќе има услови за повремен слаб дожд. Наутро ќе биде релативно свежо со минимални температури кој ќе се спуштаат во интервалот од 8 до 15 степени- вели метеопрогнозерот Славчо Попоски.




