LIFESTYLEВести

Славчо Поповски со најнова прогноза – Еве каква есен не очекува!

Advertisement

Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) известуваат дека под влијание на влажен бран во недела на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме.

Пороен дожд и грмежи ќе има и во понеделник. Повеќе врнежи во овие два дена ќе има во западните делови каде локално се очекува да наврнат над 30 л/м2.

Advertisement

Потоа времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со слаб локален дожд.

Фото Пекселс

Advertisement

Температурата ќе опадне за неколку степени.

Во Скопската Котлина во недела попладне ќе има пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и малку посвежо.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

За време на викендот, целиот Балкан ќе биде под влијание на силен Џеновски циклон кој ќе донесе локално силно невреме, проследено со многу дожд, силни грмежи, крупен град и олуен ветер, најавува Славчо Попоски.

Фото Пекселс

„Токму поради ова апелираме на крајна внимателност, дури можна е појава и на Суперќелијско невреме, а постои опасност и од локални поплавувања. Судирот на двете воздушни маси (топлата од југ и студената од север) ќе го направат своето, односно ќе предизвикаат големо невреме на многу места на Балканот“, вели познатиот метеоролог.

Температурите драстично ќе се намалат, што значи за викендот доаѓа вистинска есен на Балканот.

„Овој бран во Македонија ќе пристигне во недела, особено попладне и навечер кога на многу места ќе има развој на нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.

Локално ќе има појава на невреме, проследено со интензивен пороен дожд за кратко време, силен ветер, електрични празнења и со појава на град. Не се исклучува можноста локално градот да биде и покрупен. Барем според сегашните изгледи, честа нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на локално невреме ќе има и следната седмица, кога ќе биде и значително посвежо.

Фото Пекселс

Односно пад на температурите на воздухот се очекува уште од недела попладне и навечер. И на граѓаните во Македонија ги советуваме да бидат крајно внимателни од недела, и тоа во случај на појава на електрични празнења да не се претстојува на отворен простор и под осамени дрвја“, пишува Попоски.

Во алпскиот регион оваа голема промена ќе донесе и поинтензивни врнежи од снег.

Метеорологот Славчо Попоски ја објави првичната метео анализа за претстојната есен, а иако е рано, сепак, ги даде своите прогнози и за претстојната зима.

„ Најновите излези на нумеричките модели за претстојната есен за Македонија укажуваат на тоа дека ќе имаме натпросечно топло време со релативно високи температури на воздухот, но со просечно количество на врнежи, што значи врнежите ќе бидат во нормалата.

Фото Пекселс

Особено октомври месец ќе ни донесе потопли денови, но релативно топло време со натпросечно високи температури на воздухот ќе имаме во поголемиот дел од овој месец, иако веќе започна климатолошката есен.

Поголемо заладување на времето се очекува во ноември месец, кога растат и условите за појава на снег.

Да напоменеме дека иако се очекува релативно топла есен, повремено не се исклучува можноста и за поголемо освежување на времето со потрпосечни температури на воздухот, но и повеќе врнежи.

Првичните анализи за зимата која што ни доаѓа покажуваат дека таа ќе биде со многу повеќе снег и многу повлажна за разлика од изминатите години, но и со чести студени Арктички продори.

Фото Пекселс

Температурите особено во најтоплите централни и југоисточни предели во наредниот период, особено од петок па натаму ќе надминуваат 30 степени, додека во останатите предели тие ќе бидат над 25 степени.

Сепак утрата ќе бидат свежи, па така особено во Малешевијата температурата се очекува да се спушти и под 10 степени, додека во останатите предели таа ќе се спушта во интервалот од 10 до 17 степени“, напиша тој.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement
New Ad
Back to top button