„Скопјани, никогаш нема да ни го земете името“ – навредливи пароли на протестите за одбрана на името Македонија во Грција

Толпата ги нападна и новинарите
Во Атина и Солун вчера беа одржани демонстрации против договорот за името кој минатиот месец беше постигнат помеѓу Македонија и Грција, а во Атина имаше и судир на демонстрантите со полицијата.
Како што јави дописничката на МИА од Македонија, лицата што протестираа извикуваа слогани дека Македонија е грчка, со извици против владата на Ципрас и против Договорот од Преспа, но и со пораки до грчките политичари дека се предавници. „Скопјане, Скопјане никогаш нема да го земеш името”, „Предавници” „Македонија е грчка“ беа само дел од навредливите пароли на протестите кои се случуваа во Атина и Солун. Поради маскираните лица кои фрлаа со пиротехнички средства кон полицијата истиот беше разбиен со солзавец, иако не беше масовен, пренесуваат грчките медиуми.